Бизнисмени од Ирак следната недела ќе ја посетат Македонија за да се запознаат со стопанските потенцијали. А како што информираат од Стопанската комора на Македонија, тие се заинтересирани за индустриските и прехранбените производи, како и за секторите градежништво, туризам, здравство, образование и спорт. Вкупната трговска размена на земјава со Ирак за 11 месеци од 2013 година изнесувала 3,4 милиони долари, што претставува пад од 15 отсто во однос на истиот период од претходната година. При тоа извозот изнесувал 3,4 милиони, а увозот само 226 долари. Во 2012 година трговската размена достигнала 4,6 милиони долари. Во структурата на извозот во 2012 година најзастапени производи биле јаболката, чиј извоз на ирачкиот пазар достигнал 2,4 милиони евра, а во 2011 година извозот на јаболка изнесувал дури 6,3 милиони долари.
Бизнисмени од Ирак следната недела ќе ја посетат Македонија за да се запознаат со стопанските потенцијали. А како што информираат од Стопанската комора на Македонија, тие се заинтересирани за индустриските и прехранбените производи, како и за секторите градежништво, туризам, здравство, образование и спорт.
Вкупната трговска размена на земјава со Ирак за 11 месеци од 2013 година изнесувала 3,4 милиони долари, што претставува пад од 15 отсто во однос на истиот период од претходната година. При тоа извозот изнесувал 3,4 милиони, а увозот само 226 долари. Во 2012 година трговската размена достигнала 4,6 милиони долари. Во структурата на извозот во 2012 година најзастапени производи биле јаболката, чиј извоз на ирачкиот пазар достигнал 2,4 милиони евра, а во 2011 година извозот на јаболка изнесувал дури 6,3 милиони долари.
На ирачкиот пазар извезуваме и цигари и други земјоделски производи.
Од Комората велат дека идејата за посетата на ирачките бизнисмени следната недела е реконструирање на стопанските односи, кои постоеле пред дваесет години.
„Ирачките компании се заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар, прехранбени и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам... Бизнисмените ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Во рамки на нивната посета, ќе организираме бизнис-форум за воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. Планирани се билатерални разговори со ирачките компании од неколку стопански сектори“, вели Љубица Нури од Стопанската комора. Според неа, ирачкиот приватен сектор може да биде мост за пласман на македонските производи и во други земји на Блискиот Исток.